25-годишната Џиџи сподели фотографија од рачето на ќерка ѝ на Instagram story, заедно со подароците што ги добила од Донатела Версаче и Тејлор Свифт.
Од фотографијата се гледа дека познатата дизајнерка ѝ испратила бело боди со логото на Versace. Тејлор Свифт, пак, ѝ подарила розово ќебенце.
-Од тетка Донатела Версаче, напишала Џиџи до блузата.
-И тетка Тејлор Свифт го направи ова, стои до ќебенцето.
Џиџи и Зејн имаат долга соработка со Versace, па не е ни чудно што се блиски со познатата дизајнерка.
Џиџи и Тејлор, пак, се навистина добри пријателки.