Актерот Џим Кери го коментираше инцидентот што се случи на Оскарите во неделата.
Кери дефинитивно не е на страната на Вил Смит. Згора на тоа, тој вели дека требало да го уапсат. Тој истакна дека за разлика од Рок кој не поднел жалба против Смит, тој веднаш ќе поднел тужба.
„Веднаш следното утро би објавил дека го тужам Вил за 200 милиони долари. Тоа видео ќе биде таму засекогаш“, изјави Кери за CBS. Тој додаде дека по инцидентот, Смит морал да биде изведен од сцената или дури и уапсен.
„Можете да викате од публиката за да покажете неодобрување или да напишете нешто на Твитер, што и да е, но немате право да излезете на сцената и да удирате некого за кажаните зборови“, рече актерот, кој е видно згрозен од шамарот на Смит.
Тој додава дека е згрозен од аплаузот кој Смит го доби неколку минути подоцна при добивањето на Оскарот.
„Ми здодеа овие аплаузи. Холивуд се однесуваше како целосен безрбетник и навистина чувствував дека ова е јасен показател дека повеќе не сме кул“, објасни Кери.