Некогаш заработуваше по 20 милиони долари од филм, а денес Џим Кери е далеку од статус на филмска ѕвезда.
Во последното интервју за „The Hollywood Reporter“, добитникот на Златен глобус призна дека ни славата, ниту парите и познатите девојки не ги сфаќал сериозно.
Како што открива, неговиот план не бил да му се придружи на Холивуд, туку да го уништи.
Филмот „Ace Ventura: Pet Detective“ од 1994 години бил доволен за тој да стане славен, а останатите негови филмски остварувања, како и врската со Рене Зелвегер го фрлиле во центарот на случувањата во Холивуд.
-Едноставно не сакав повеќе да бидам во таа работа. Се е бесмислено, не ми се допаѓаше, вели актерот во интервјуто.
По повлекувањето од јавноста, тој не престана да ја интригира јавноста, а врската и самоубиството на неговата девојка Кетрин Вајт во 2015 година го „ставија“ во друга димензија. Следуваа низа бизарни работи, како неговото појавување на црвениот тепих на неделата за мода во Њујорк, кога новинарката го прашала дали е вистина дека на нова девојка бара на улица.
-Ова ништо нема смисла. Ја барав најбесмислената работа на која ви можел да дојдам и еве ме. Мислам, мораш да признаеш дека ова навистина нема смисла, истакнал актерот
Џим Кери сепак не се откажал од глумата. Наскоро тој се враќа на малите екрани во серијата „Kidding“.