среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Познати

Ѕирнете во новата јахта на Џеки Чен

Ѕирнете во новата јахта на Џеки Чен

Кинеското бродоградилиште Џинлонг ја лансирало својата најнова суперјахта, која оттаму ја нарачал никој друг туку актерот Џеки Чен.

Ултра-луксузниот брод со должина од 46,5 метри бил нарачан пред две години. Холандската „Yacht Design & Naval Architecture“ компанија, добила задача да се позанимава со целокупниот екстериер, како и ентериерот на Jinlong 4601. Mulder Design претходно работеле на модели на брендови како што се Sunrise, Baglietto, Heesen и Benetti.

Јахтата која во целост е дизајнирана од алуминиум, поседува аеродинамичен, но истовремено и класичен дизајн кој е финиширан со монохроматска бела боја, а како контраст има и црна боја. Називот “JinLong“ е испишан на предниот дел во златни тонови.

Луксузниот мотор го движат twin MTU 16V 2000 M84 дизел мотори, кои му даваат максимална брзина од 21 чвор.

Ова инаку не е прва јахта која славниот актер ја поседува, бидејќи пред две години купил луксузен брод од кинеското бродоградилиште „Ruiying Yachts“, кој е полн со врвни погодности. Повеќе детали за новиот брод на Џеки Чен допрва ќе се откриваат, откако тој ќе ги помине сите морски проби.

Најнови вести