четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Џони Деп ја докажа клеветата на неговата поранешна сопруга Амбер Херд, но и таа доби една противтужба тешка два милиони долари

Џони Деп ја докажа клеветата на неговата поранешна сопруга Амбер Херд, но и таа доби една противтужба тешка два милиони долари

Поротата во Вирџинија одлучи дека и Амбер Херд и Џони Деп се одговорни за клевета во нивните тужби.

Прво поротата пресуди во корист на Деп, со тоа актерот ја доби тужбата за клевета вредна 15 милиони долари, а потоа пресудата продолжи.

Како што одлучи поротата, Амбер доби една од трите контратужби против актерот.

Кога актерот поднел тужба против Амбер, таа возвратила со противтужба и побарала отштета од 100 милиони долари поради тврдењата на поранешниот адвокат на Деп, Адам Валдман, дека нејзините тврдења за злоупотреба биле „измама“.

Но, наместо 100-те милиони што ги побара, Амбер ќе добие 2 милиони долари.

Најнови вести