Актерот Џони Деп ја раскина врската со адвокатката Џоел Рич.
Оваа информација за магазинот Пипл ја потврди анонимен извор. Причината за нивното раскинување не е откриена.
Во 2018 година, Џоел го застапуваше Џони на судењето против британскиот таблоид The Sun. На крајот на септември оваа година беше објавено дека двајцата се заедно.
Иако актерот претходно беше поврзуван со адвокатката Камила Васкез, која го застапуваше на судењето со Амбер Херд, тоа не беше вистина.
Рич не беше дел од неговиот адвокатски тим на последното судење. Сепак, таа беше присутна во судницата во Вирџинија за да му даде поддршка на актерот. Тие двајца ја чуваа својата љубовна врска во тајност неколку месеци.