Актерот обвинет за сексуално злоставување и насилство се појави на судското рочиште кое го има со поранешната сопруга, актерката Амбер Херд. Овој пат, повод за нивниот судски спор е неговата тужба против неа.
-Мојата цел е вистината, истакнал Џони Деп на почеток од својот исказ кој потоа говорел за свое детство и физичкото злоставување кое тој и неговите браќа и сестри го трпеле од нивната мајка.
За време на сведочењето тој ја кажал и својата страна за насилството во бракот во Амбер, за кое таа тврди дека постоело.
-Никогаш не сум дошол до точка да ја удрам госпоѓата Херд на било кој начин, ниту сум удрил некоја жена во мојот живот, вели Деп кој не негирал дека тој и Амбер имале несогласувања и кавги.
Деп ја обвини порашната сопруга дека „лажно го прикажала како насилник во семејството“ во текстот кој бил објавен во Вашингтон пост во 2018 година.
Иако во текстот Деп не се споменува со име и презиме, актерот тврди дека по неговото објавување му била загрозена кариерата поради што трпи финансиски загуби, а по 15 години бил исклучен и од идните филмови од серијалот „Пирати од Карибите“.