Актерот Џони Деп донирал 800.000 долари во добротворни цели за деца ширум светот, од кои едната е поврзана со неговата поранешна сопруга Амбер Херд.
Деп дал пари на фондацијата на Детската болница во Перт, на детската добротворна организација “Great Ormond Street Hospital”,”Footprint Coalition” и на Детската болница во Лос Анџелес, со која е поврзана Амбер.
За време на шестнеделното судење за клевета, се покажа дека актерката не го донирала тоа што го вети по разводот од парите кои ги доби, 7 милиони долари во добротворни цели, велејќи дека е виновна нејзината скапа битка за клевета со Џони.
Уште во 2016 година, Амбер вети дека ќе ја подели добивката помеѓу Детската болница во Лос Анџелес и Американската унија за граѓански слободи.
Беше обелоденето дека таа не го направила тоа, па Деп реши да донира онаму каде лажно донирала неговата поранешна сопруга.
Ова е гест за почит, но сепак Џони ја затвори устата на Амбер.