Џорџ Клуни бил згрижен в болница со панкреатитис, како последица на екстремно слабеење, за потребите на претстојниот филм „Небото на полноќ“ (The Midnight Sky), како што пренесува британски „Мирор“.
Имено, 59-годишниот глумец загуби скоро 13 килограми за улогата во филмот како астроном кој преживеал апокалипса. Но, потоа минал неколку недели во болница заради оздравување. Клуни е и режисер на филмот.
– Мислам дека се трудев премногу брзо да ослабам и веројатно не се грижев доволно за себе… Ми требаа неколку недели да заздравам, а како режисер, тоа не е така лесно, затоа што ти треба енергија. Бевме и на глечер во Финска, што исто така, ја отежнуваше работата. Но, тоа секако помогна во градењето на карактерот, раскажува Клуни.
Меѓу другото, за улогата морал да пушти и долга брада, но тоа и не било на така големо задоволство на неговата сопруга Амал.
– Мојата сопруга и ќерка ми беа навистина среќни кога ја снема, бидејќи претходно не можевме да го најдеме лицето мое под целиот тој неред,, додава тој.
Семејството Клуни се родители на близнаците Александар и Ела (3) и од февруари, при сето време во пандемијата се во својот дом во Холивуд Хилс.
За жал, жртвата на Клуни за „Небото на полноќ“ не му донесе поени кај критичарите. Филмот доби 58 од 100 бодови по 36 критички осврти на интернет-страницата „Ротен домат“. Првото прикажување се случи на 23 декември.