Поранешната пејачка на поп-денс групата од 1980-тите и 90-тите, „Јуритмикс“ (Eurythmics) – Ени Ленокс потврди дека не е роб на стандардите за убавина, објавувајќи фотографија во свое сосем природно издание.
Таа всушност одговори на Твитер-објавата каде што еден корисник покрај нејзината фотографија бара од следачите да му одговорат за кого станува збор, без да пребаруваат на интернет… Повеќето погодија.
– Здраво, Џејсон. Ти, наводно, на Твитер си почнал тренд откако праша која е оваа личност?… ОВАА личност! Дали ја гледате разликата меѓу личност во маскирана облека и билка? Ајде да направиме уште еден ’хаос’ на Твитер. Стареам, но сепак, сѐ уште сум „разјарена“! Ви испраќам благослов и љубов, напиша таа.
„Немам поим за што се работи, само знам дека Ени Ленокс е една“, „Лесно се препознаваш, фантастична Ени“, „Убава си и однатре и однадвор. Ти испраќам многу љубов“ – гласат дел од коментарите потоа. (МИА)