сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ѕвездата од „Игра на тронови“ храбро за својата болест: „Мислев дека моето време истече!“

Ѕвездата од „Игра на тронови“ храбро за својата болест: „Мислев дека моето време истече!“

Емилија Кларк, ѕвездата на „Игра на тронови“, откри дека била подложена на операција на мозокот меѓу две сезони од серијата, откако претрпила две аневризми опасни по живот.

Триесет и двегодишната британска актерка имала две операции, што, како што кажа, ѝ предизвикало ужасни напади на паника и вознемиреност.

„Мислев дека ќе умрам, но заздравив над сите неразумни надежи“, вели Кларк во колумната за „Њујоркер“.

Таа првпат доживеала аневризма во 2011-та година, колабирајќи во тоалет во „огромни, пробивни болки“. Лекарите утврдиле дека имала субарахноиден мозочен удар, од кој две третини луѓе умираат моментално или по кратко време. По операцијата ѝ се појавила состојба наречена афазија, од која не можела да комуницира.

„Во моите најтешки моменти посакав да ме исклучат од апаратите. Им реков на лекарите да ми дозволат да умрам“, изјави Кларк.

Втората операција ја имала во 2013-та но на другата страна од мозокот.

„По операцијата изгледав како да сум поминала низ војна каква што Денерис никогаш не искусила“, се пошегува Кларк.

Најнови вести