сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ѕвездата од „Очајни домаќинки“ сподели дека ја победила најопасната болест, фотографијата ги вознемири фановите

Ѕвездата од „Очајни домаќинки“ сподели дека ја победила најопасната болест, фотографијата ги вознемири фановите

Марша Крос сподели со своите фанови дека извојувала победа во тешката битка со анален карцином.

Ѕвездата од „Очајни домаќинки“ објави фотографија од кратката коса и напиша:

„Многу сум благодарна и среќна што сум жива, но сум тажна што косата ми испаѓа и сега е долга околу 2,5 см и изгледа лудо. Има ли некој друг кој се соочил со опаѓање на косата поради рак? Зборувај со мене. Те разбирам.“

Откако доби огромен број на пораки од шокираните фанови, таа одлучи подетално да објасни за што станува збор.

„Најдраги, најљубезни Следбеници, Се извинувам што мојата објава не беше јасна. Го надминав ракот. Сè е во ред сега. Тешко патување, но сум ЗДРАВА, среќна и поприсутна и поблагодарна отсекогаш. Ви благодарам од дното на моето растечко срце за сета ваша љубов“ – стои во нејзината порака.

Отворената порака на 56-годишната актерка, која е мајка на 10-годишни близначки, поттикна многу други лица да ги споделат своите битки со рак и опаѓање на косата.

Семејството на Крос еднаш се избори со тешка болест. Имено, нејзиниот сопруг се лекуваше од рак три години по раѓањето на близначките. Крос тогаш изјави дека девојчињата не знаеле за здравствените проблеми на татко им.

Најнови вести