На пластични операции, ботокс, филери и стомачни, досега потрошила околу 60.000 фунти.
Со години желба на Марсела Иглесиас била да изгледа како жива барбика и откако потрошила 60.000 фунти (околу 71.000 евра) на операции, ја остварила својата цел. Оваа 41-годишна манекенка од Лос Анџелес живее во сопствена фантазија, па дури и се омажила за “жив Кен”. Оваа мајка и инфлуенсерка има 925.000 фанови на Инстаграм, а на платформата “Only Fans” се прославила маскирајќи се во некои од најпознатите личности.
Марсела вели дека ги остварува фантазиите на своите фанови трансформирајќи се во познати блондинки како Мерилин Монро и Памела Андерсон. Освен тоа, обожува да го покажува својот “класичен Барби изглед” на социјалните мрежи.
„Глумам и така имитирам легендарни фотографии на жени на кои им се восхитувам, маскирајќи се во нив. Секогаш бев воодушевена од изгледот на Памела Андерсон, таа е најубавата жена што сум ја видела и ја обожувам нејзината енергија. Во секоја трансформација вложувам многу време и труд и тоа го правам со задоволство, почитување и посветеност“, објаснила таа.
Марсела признала дека сопругот Стив и предложил да направи профил на платформата “Only fans”, и рекол дека не му пречи што таму разговара со помлади мажи, како и дека тој е нејзиниот најголем фан.
„Многу сакам да ги покажувам своите имитации и ги слушам мислењата на своите фанови, а реакциите секогаш се прилично позитивни. Како стареам, сфаќам дека суштината на животот е исполнување на желби, барем за мене, таа што моментално ги живеам своите фантазии и ги споделувам со луѓе кои се на ист па како и јас“, рекла самопрогласената “Кралица на Холивуд”.
На пластични операции, ботокс, филери и стомачни, досега потрошила околу 60.000 фунти, а наскоро планира да се трансформира во Доли Партон и Мадона.