петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ед Ширан со бизарна желба од која се згрозија соседите – еве каде сака да биде закопан откако ќе умре еден ден

Ед Ширан со бизарна желба од која се згрозија соседите – еве каде сака да биде закопан откако ќе умре еден ден

Британскиот музичар Ед Ширан последниве денови војува со соседите поради бизарна причина – односно поради капела и гробница.

Имено, Ед Ширан планира на својот имот да изгради приватна капела во која ќе има и негова гробница, но ова за неговите соседи е неприфатливо.

За капелата му е одобрена дозвола за градба уште во 2019 година која не ги вознемирува соседите колку што ги вознемирува идејата во близина да изгради гробница. Како што пишува „Њујорк Пост“, Ширан би требало да добие зелено светло за изградба на гробница без оглед на тоа дали се противат неговите соседи.

– Ова подрачје има многу прекрасни цркви и мислам дека нема потреба познатиот пејач да изгради уште една. Самиот факт што Ед сака гробно место подалеку од останатата популација, покажува дека нешто не е во ред во овој модерен свет. Дали познатите се толку навистина отргнати од реалноста, навистина не знам – бил коментарот на Ана Вудс, една од соседките на на Ширан.

Најнови вести