четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ед Ширан живеел како бездомник, а кога ќе дознаете колку илјадници евра заработува дневно ќе подзинете

Ед Ширан живеел како бездомник, а кога ќе дознаете колку илјадници евра заработува дневно ќе подзинете

Британскиот музичар, Ед Ширан (27) е вистински доказ за тоа како човек од незавидна финансиска ситуација, може да стане милионер. Тој денес е најплатената музичка ѕвезда на светот. Во текот на минатата година, заработил приход од неверојатни 30.753.000 евра, а според пресметките, дневно заработува 85.000 евра.

Имено, Ширан викендот објавил финансиски извештаи во кои се гледа дека неговиот годишен приход изнесува 41.338.422 евра, при што нето профитот изнесува 30.753.000 евра. Тоа што може да се види од извештаите е и тоа дека музичарот Ширан, во Обединетото Кралство платил дури 6.029.210 евра.

Да потсетиме, Ед Ширан, познат по хитовите „Shape Of You“, „Perfect“ и многу други, неодамна ја надминал неговата сонародничка Адел и станал најплатената музичка ѕвезда на светот. Иако на познатиот музичар финансиската состојба му е одлична, да не речеме совршена, во минатото тоа било драстично поинаку.

Имено, тоа што е познато е дека Ед Ширан, додека не бил познат, еднаш спиел покрај Бакингемската палата, а две години живеел како бездомник.

Кога станува збор за почетоците на неговата кариера, Ед професионално почнал да се занимава со музика во 2005-та година. Се преселил во Лондон и свирел на мали места. Потоа заминал во Лос Анџелес, без претходно договорен ангажман. Таму исто така свирел по мали места, а потоа го забележале луѓе од каналот „The Foxholle“, поточно актерот Џејми Фокс, и увидел каков талент има младото момче.

Во 2011-та година почнал да гради светска слава. Издал независен ЕП (име со кое се нарекуваат музичките плочи или CD-ња, кои се предолги за да бидат синглови, а прекратки за да бидат албуми). Меѓутоа, истата година, Ед на Твитер објавил статус кој привлекол внимание, во кој Ширан напишал дека наводно има проблеми и дека му е потребна помош.

Џејми Фокс неодамна рекол дека му помагал на Ширан и дека му дозволил да спие на неговиот кауч, шест недели. Холивудскиот актер, во емисијата „The Graham Norton Show“, нагласил дека Ширан ги импресионирал луѓето во еден клуб и дека оставил историја позади себе после тој настап.

Ед Ширан стекнал планетарна слава, освоил бројни награди, а неговиоте песни се исклучително слушани и се големи хитови. Освен тоа, се занимава и со хуманитарна работа.

И секако, мора да напоменеме дека неговата животна приказна е инспирација и мотивација за многумина.

 

Најнови вести