На многу девојки би им се допаднала сцената што Никол Шерцингер ја најде во нејзината кујна на Денот на вљубените.
Ја дочекаа цвеќиња, вино, балони, торти, чоколади, подароци … и над сето тоа, веднаш до мијалникот, мускулестото момче Том Еванс, со кого ужива во љубовта подолго време.
„Се разбудив со танц проследен со чаша чај … Среќен Ден на вљубените! Без разлика дали се сакате себе си или некој друг, запомнете дека сте сакани и имајте благословен ден“, им рече Никол на своите придружници.
Згодниот Том очигледно бил многу инспиративен додека бил во кујната, а има и голема среќа што покрај себе ја има една од најпосакуваните жени на светот.
View this post on Instagram