вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Еди Марфи ќе стане татко по десетти пат

Еди Марфи ќе стане татко по десетти пат

Еди Марфи има девет деца од пет различни жени, пишува „Дејли мејл“.

И се чини дека 57-годишната холивудската ѕвезда се подготвува да му посака добредојде на бебето број 10 со неговата помлада девојка, австралискиот модел Пејџ Малиот (39).

Пејџ е забележана со труднички стомак во Лос Анџелес минатиот понеделник.

Еди и Пејџ веќе ја имаат двегодишната ќерка Изи Уна Марфи. Тие се во врска од 2012 година.

Еди Марфи има пет деца со поранешната сопруга Никол Мичел и по едно со поранешните партнерки Мел Би, Тамара Худ Џонсон и Паулет Мекнили.

Од „Дејли мејл Австралија“ се обиделе да го контактираат менаџментот на двојката за коментар, но за сега нема никакви дополнителни информации.

Најнови вести