Денешните мажи повеќе се средуваат и негуваат, но Драган Којиќ Кеба изгледа малку се занесе.
Веќе е стара вест дека тој направил исцртување на веѓите со јапонска метода, но сега тој поминал низ корекција и резултатот е хит на социјалните мрежи.
Колешката на Кеба, Едита Арадиновиќ, на својот Инстаграм профил објави весела фотографија од него, а овој пат најмногу коментари привлекоа тетовираните веѓи на Кеба.
Дури и прекрасното деколте на згодната пејачка не привлече толку внимание.