четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Едита нормализира насилство“: Инфлуенсер шокиран од пејачката откако таа се тепаше со нејзината сестра

„Едита нормализира насилство“: Инфлуенсер шокиран од пејачката откако таа се тепаше со нејзината сестра

Голема прашина се крена откако беше објавена снимката од тепачката меѓу сестрите Едита и Инди Арадиновиќ, по што пејачките се обидоа се да преточат во шега.

По инцидентот со нејзината сестра, Едита Арадиновиќ се огласи на својот Инстаграм.

-Браќа и сестри. Пријатели, непријатели, особено вие. Сè е во ред. Вие најдобро знаете како функционираат семејствата и како не функционираат. Се шегувате ако мислите дека таа или јас ќе дадеме некакви изјави и ќе се вклучиме во оваа глупост. Можеби до тогаш пак ќе се тепаме, но сериозно, бидејќи овде сме како двајца пијани пред супермаркет. Како и да е, јас се се грижам за неа, а и таа за мене, напиша пејачката, по што црногорскиот инфлуенсер Радун Бакиќ јавно ја нападна.

Како што вели, бил шокиран од фактот што Едита се обидела да го оправда насилството и да го прикаже како составен дел од животот.

-Тажно ми е што се пошегува со ова и нормализира секаков вид насилство, напиша инфлуенсерот на Инстаграм, а одговор од пејачката нема.

Најнови вести