Српската пејачка Едита Арадиновиќ неодамна предизвикала сообраќајна несреќа, но речиси никој немаше да дознае доколку момчето кое било учесник во истата не обелодени во јавноста.
Имено едно момче се огласи на социјалните мрежи дека неговата мајка имала сообраќајна несреќа која ја предизвикала пејачката.
Тој тврди дека Едита по сообраќајката избегала од лице место и додава дека пејачката плачела и тврдела дека не може да ја плати штетата, по што побегнала.
По ова пејачката се огласи со својата страна на приказната.
-Тоа беше недоразбирање. Беше верижен судир, последниот автомобил, третиот беше ограбен. Се договоривме веднаш да му се јавиме на момчето чија мајка беше дел од сообраќајката, а потоа тој се извинил откако дознал што точно се случило, вели Едита за српските медиуми.