четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Едита: Саша Матиќ ми е многу повеќе од КОЛЕГА

Едита: Саша Матиќ ми е многу повеќе од КОЛЕГА

Саша Матиќ неодамна одржа концерт и ја наполни салата до крај, а на спектакуларниот настан присуствуваше и Едита Арадиновиќ, која со пејачот има хит кој и денес се пее во сите клубови.

Едита откри дека Саша Матиќ и е многу повеќе од колега, а и дека тој одбележал период од нејзиното детство.

-Ние сме од ист крај, како мала секогаш го среќавав после училиште, ги обожавав неговите песни. Неговиот албум „Samo ovu noć“ го одбележа моето детство и основно училиште. По неколку години го запознав и имав чест да снимам песна со него, рече таа.

Во новиот спот Едита многумина ја споредија со пејачката Рада Манојловиќ, а нејзината реакција изненади,

-Многу ја сакам Рада, слушнав дека рекле дека личам на неа и навистина ми е драго и ми е супер! Намерно сакавме да биде летен спот, отидовме на одмор и непланирано го снимавме, изјави Едита.

Најнови вести