недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Една од најголемите музички ѕвезди откри дека боледува од ретка болест

Една од најголемите музички ѕвезди откри дека боледува од ретка болест

Австралиската поп ѕвезда Сиа откри во објавата на социјалните мрежи дека боледува од ретка невролошка болест , поради што страда од хронични болки.

Пејачката и кантавторка напиша на Твитер дека има синдром Ехлер-Данлос (ЕДС), ретка наследна колагенска болест која се карактеризира со прекумерна подвижност на зглобовите, прекумерно истегнување на кожата и крутос на сите ткива. Може да предизвика силна болка во зглобовите и екстремен умор, јавува Би-Би-Си.

Сија (43) е позната по тоа што не открива премногу детали за нејзиниот личен живот, а редовно го крие лицето под необични перики и додатоци. Покрај тоа што пее голем број хитови, таа има напишано песни за Ријана, Бијонсе, Кети Пери и Адел, што се најдоа на топ листите.

– Само сакам да им кажам на сите што страдаат од болка, без разлика дали е физичка или емотивна, ве сакам, не се откажувајте! Болката е деморализирачка, но вие не сте сами – напиша таа на Твитер.

Според британската Национална здравствена организација, постојат три типа на EDS и додека некои може да бидат благи, некои може да доведат до инвалидитет.

Сиа веќе зборуваше јавно за зависноста од алкохол и лекови против болки, но минатата година на социјалните мрежи откри дека е трезна веќе осум години.

Најнови вести