четврток, 2. мај 2024. Вести денес: 0
home Познати

Едвај проговори момчето на прерано починатата српска јутјуберка – од тоа што си го посака и себе си ќе ви се заледи крвта

Едвај проговори момчето на прерано починатата српска јутјуберка – од тоа што си го посака и себе си ќе ви се заледи крвта

Се’ уште не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи откако 21-годишната инфлуенсерка и гејмерка Кристина Кика Ѓукиќ си го одзеде животот.

Пријателите, но и верните следбеници на познатата јутјуберка која со години страдала од врсничко насилство не можат да се помират дека повеќе ја нема.

Сега се огласи и нејзиното момче Марко Томовиќ.

„Засекогаш бебе мое, ќе се видиме пак“, напиша тој под видеото кое го објави на „Инстаграм“.

По, овие зборови на следбениците буквално им се заледи крвта поради тоа што тој напишал дека ќе се видат пак, алудирајќи дека и тој сака да си го одзеде животот.

Во меѓувреме се огласи и мајката на Кика.

„Со огромна болка ве информирам дека вчера почина мојата Кика. Ќе ве известам за датумот на погребот“, напиша Наташа Ѓукиќ.

Кристина беше успешна инфлуенсерка, а само на „Инстаграм“ ја следеа повеќе од 350.000 луѓе.

Последните години отворено се бореше со осудувања и критики. Пошироката јавност ја препознава и по жестокиот конфликт со популарниот јутјубер Бака Прасе.

Родена е во Белград на 25 јули 2000 година.

Најнови вести