Џеф Безос и неговата вереничка Лорен Санчез ја напуштија Хрватска по неколку дена поминати во Дубровник и Хвар, каде уживаа на луксузната јахта „Кору“ долга 127 метри.
Откако Безос и неговата славна екипа со хеликоптер ја напуштија јахтата, членовите на екипажот кој работел за Безос со денови, решиле да се опуштат и забавуваат на јахтата.
Фотографите ги „фатиле“ членовите на екипажот како се дружат на јахтата и како скокаат во море. Сето тоа се случувало на Хвар, поточно во заливот Вира.
Инаку, оваа луксузна јахта има капацитет да прими 18 гости и екипаж од 40 луѓе. За одржување на годишно ниво за ова луксузно пловило Безос издвојува околу 25 милиони долари.