среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Екс сопругата на Огњен Амиџиќ првпат се огласи за разделбата: Разводот е како смрт без умирање

Екс сопругата на Огњен Амиџиќ првпат се огласи за разделбата: Разводот е како смрт без умирање

Манекенката Данијела Димитровска во едно интервју зборуваше за разводот од познатиот српски водител Огњен Амиџиќ, но и за односот по разделбата со него.

– Разводот е една од најболните работи што може да им се случи на луѓето. Во најтесниот круг на моите пријатели, кога се шегувам, велам дека тоа е смрт без умирање. Навистина боли, кога ќе умреш тоа е крајот, а ова боли. Се додека не го снема, боли, и никогаш не знаеш кога ќе престане, нема потпишана хартија за тоа. Се е до правото на избор и благодарност на Бога затоа што ние имаме право да избереме со кого да се омажиме, разведеме, вели таа.

Димитровска изјави дека потекнува од патријархално семејство и дека таа и нејзиниот поранешен партнер се во добри односи.

– Тоа е одлука која дoлго време се подготвуваше. Потекнувам од патријархално семејство, моите родители се заедно 37 години. Ми требаше долго време да донесам одлука за развод, но кога го направив тоа, бев сигурна. Јас и мојот поранешен партнер сме во добри односи поради детето, вели Данијела.

Најнови вести