Познатата пејачка Теа Таировиќ (25) 2021 година ја испраќа задоволна со своите професионални обврски, со оглед на тоа дека нејзиниот хит „Хајде“ и донесе бројни свирки и сериозно „полнење“ на банковната сметка“.
– Менаџерот често ме критикува, сака да полуди кога ќе му кажам дека парите не ми се важни. Јас оваа работа ја правам од љубов, но и за слава, а не поради пари. Мене ме „пали“ успех, така да јас не бројам пари – рекла Теа на крајот од 2021 година.
Меѓутоа, приватно таа доживеа непријатни моменти, бидејќи нејзиниот поранешен партнер од одмазда објави нивно експлицитно видео на сајтови за возрасни.
View this post on Instagram
Теа веќе долго време емотивн ое сама и вели дека тоа е најдоброто што го направила.
– Сметам дека одлуката да бидам сама е најпаметна која можев да ја донесам. Ме тера да се потпрам сама на себе, а тогаш сум најјака – признала Таировиќ.
View this post on Instagram
– Во мојот живот имаше заљубување и разочарување, но веќе долго сум сама и ми одговара тоа. Тоа е како афродизијак. Човек кој подолго време е сам почнува да го цени тоа – изјавила таа за српски „Ало“.
View this post on Instagram