Најголемата балканска ѕвезда Здравко Чолиќ повторно ќе настапи пред својата омилена публика, македонската.
На 15-ти јуни, на градскиот стадион, под организаторска палка на Прагма продукција, Македонците ќе можат да уживаат не во обичен концерт, туку во вистински спектакл.
Во ексклузивно интервју за КУРИР Чолиќ говори за спомените кои во него ги буди Македонија, за македонската публика и традиција. Зборувавме за неговите настапи и песни, но го запознавме Здравко и во приватноста.
На неговите концерти во нашата земја, македонската публика секогаш се враќа поради таа посебна енергија. Го прашавме, што е тоа кое него постојано го враќа во Македонија?
-Пред сè тоа се пријателствата, многу пријатели имам во Македонија, во сите градови, а особено во Скопје. Тие низ целиот мој живот, низ целата кариера се провлекуваат, од првите денови и првите доаѓања во Скопје до денес. Се надевам дека така ќе остане додека сме живи. Тоа што е посебно е таа енергија на концертите, тој музичкиот дел кој јас го работам гледајќи професионално. Тој вид на музика, мојот однос кон публиката е толку убав. Тоа е нешто нераскинливо. Се враќам на мојата публика, на луѓето кои ме сакаат, а јас на некој начин им враќам со својата љубов, песна, настапи, а на некој начин и со своето однесување. Јас кога и да дојдам во Македонија, добро се чусвтвувам. Или е тоа некоја врска Сараево-Скопје која од порано е позната. Луѓето ја сакаат музиката, ја сакаат песната, рече Чолиќ за КУРИР.
Тој зборуваше за македонската традиција, посочувајќи колку ја сака македонската песна, македонската храна.
Ни откри каква музика слуша, каде излегува, во што ужива кога е слободен.
Ова и многу повеќе за неговиот живот и концертот кој ни претстои, слушнете го во интервјуто кое следува во продолжение: