Младата, шармантна водителка Елена Стојановска имаме прилика да ја гледаме секој работен ден на утринската програма „Ја сакам Македонија“ на Сител телевизија.
Стојановска од раните утрински часови е подготвена пред ТВ екраните да ги известува гледачите за новитетите.
Кога пак станува збор за нејзиниот приватен живот, Елена е во брак со сопругот Огнен кој е воедно и е најголема поддршка надвор од студиото и професионалниот живот.
Во една прилика таа откри како го запознала својот сопруг.
-Мислам дека Огнен е човекот кој што ми е пратен за да ме направи комплетно среќна. Претходно не можам да кажам дека сум била среќна во љубовта. Огнен е мојот прв вистински партнер, момче и сопруг и се’“, изјави Стојановска во една прилика и додаде:
-Јас не знаев дека тој работи во тогашниот музички медиум во кој што работев и јас. Го видов еднаш и мислев дека е дојден на гости. Тогаш многу се одеше на журки. Го видов на една техно забава, каде што се слушаше тешка музика. Со другарката излегов надвор и тогаш го видов. Следниот ден го видов повторно на работа, сфатив дека не доаѓа на гости туку дека работи во медиумот во кој работев. Потоа, двајцата се заминавме од медиумот, меѓутоа, на следното видување со Огнен ми стана момче“, раскажува Елена.
Oд друга страна, водителка има партнер во добро и во зло и во професионалниот живот, а не е нејзиниот сопруг.
Имено, станува збор за продуцентот на „Ја сакам Македонија“, Филип Андревски. Елена сподели фотографија со колегата, а во описот напиша:
-Мојот партнер во добро и во зло, иако не е сопругот. Продуцентот на @jasakamakedonija, напиша водителката.
Нема сомнеж дека Елена има тим околу себе кој професионално си ја врши работата.