Елена Велевска има новo момче и тоа богат македонец кој што живее во Америка, а го запознала зимава додека беше на турнеја таму, тврди естрадниот магазин „Ексклузив“.
Наводно, станува збор за обожавател на познатата фолк пејачка, кој што додека пеела и пришол со букет цвеќе. Тоа било љубов на прв поглед.
Пејачката сè уште се нема огласено по повод овие шпекулации, а не ги коментира ниту пишувањата за разводот од сопругот Марјан со кого има три деца, а кој во моментов е во Австралија.