Штом дојде летото, македонската естрада наголемо започнува да се подготвува… Кој(а) за по некоја тезга, кој(а) за на плажа… Борбата со килограмите кој ја има кој не, ама затоа депилацијата и козметичките третмани се тука, а со нив и изборот на костим за капење и придружните акцесоара за на плажа: шапка, торба, очила за сонце, папучи, шамија… Кој што љуби да носи!
Сепак костимот за капење е најважното крпче што го имаш на себе на плажа… Освен, ако не си на нудистичка, секако! Затоа при неговиот избор и тоа како се внимава.
Особено ако си дама, па уште и позната и популарна како македонската пејачка Елена Велевска.
Но се чини дека со такво тело и телесни атрибути фолкерката нема проблем. Каков костим за капење и да облече – добро и прилега.
Изборот останува само на моделот, дезенот, бојата и вкусот на пејачката. Бикини или едноделен, црн или бел, еднобоен или шарен, со или без некакви модни апликаци и додатоци… сеедно!
Важно е добро да ти стои, убаво да се чувствуваш во него и секако… да ги мамиш погледите на присутните. А таа тоа го знае, умее и може…
Затоа секогаш кога Велевска ќе се соблече некаде на плажа или крај базенот, на мажите им го разубавува денот.
Згодна, пожелна, секси и кога се разладува, релаксира или читајќи книга културно се издигнува, посилниот пол ја посакува и воздивнува, а понежниот и завидува!
Како и да е, никој не останува рамнодушен на нејзината појава. На она што Елена го носи на себе, ама и на она што е сместено во него.
Или како што самата вели: „Среќата е во мали нешта, но, во големи количини“… И има право.
Само што кај неа нештата ем се баеги големи, ем ги има во доволни количини… Секако, кога се телесните атрибути на пејачката во прашање.
Впрочем, сите нејзини бикини изданија ја потврдуваат тезата!
Ако не му верувате на зборот, погледнете го изборот. Кој што сака нека каже, ама… Окото не лаже!
Впрочем секоја нејзини летна поза докажува дека Елена е бикини сирена!