Скопјанката Елеонора Миљковиќ ова лето го оправда статусот најатрактивна ријалити ѕвезда. Оваа Македонка која стана позната преку учеството во регионалната релана шоу програма, навистина ја заслужува титулата најсекси „задругарка“, па дури и повеќе од тоа.
Откако неколку пати го „истури“ сиот свој телесен раскош и сексапил, јавно споделувајќи го на својот профил на социјалните мрежи, Нора потврди дека е и сродна душа со една Јелена Карлеуша, на пример.
Ако минатиот пат нејзиниот летен избор на костими за капење и завземената поза сосема „случајно“ се совпадна со оној на белградската „скандал дама“, овој пат скопјанката со српски корени, направи уште неколку промени што неодоливо потсетуваат на бикини изборот на русокосата поп – фолк дива.
Имено, нашата „задругарка“ и покрај корона пандемијата заедно со момчето замина на егзотично патување, па провокативните фотографии од нејзиното летување Нора ги сподели на својот Инстаграм.
Совршената фигура и бујните облини, се телесните особини што ја красат оваа убавица, а изборот на ултра секси мини бикини само дополнително го потенцира сиот нејзин телесен раскош со кој природата ја надарила, а естетската хирургија понешто надградила.
Нејзините фотографии од под тушот или песочната плажа никого не оставаат рамнодушен.
Дамите љубоморно посакуваат да имаат таква телесна конфигурација, додека мажите малку поинаку ја доживуваат оваа ситуација.
Кај нив глетката на различните летни пози на разголената „задругарка“ прави адреналинот и тестостеронот да го „пробијат плафонот“…!
Елеонора очигледно со својот неодолив сексапил е желба по која копнеат многумина, но убавицата покрај себе веќе ја има својата посилна половина, нејзиното момче Чедо, со која го минува летувањето.
Токму затоа гледајќи ги овие летни фотографии прашањето што многумина мажи си го поставуваат често е… „Што би дале да с(т)е на негово место?“