среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Елизабет Харли го претвори синот во женска верзија од себе: Многумина велат дека врската им е непримерна, а еве и зошто

Елизабет Харли го претвори синот во женска верзија од себе: Многумина велат дека врската им е непримерна, а еве и зошто

Елизабет Харли е неразделна од синот Демијан. Тоа е прекрасно, емоциите меѓу мајка и син се многу силни и нормални, но не и во ово счучај. Многумина си дозволуваат да искоментираат дека нивната врска е повеќе од бизарна и непримерна.

Елизабет синоќа беше главната гостинка на промоцијата на книгата на Џоан Колинс. Во придружба на нејзиниот син Демијан, актерката влезе во собата како вистинска дама во цветен фустан и затегнато тело.

Како и секој пат кога ќе се појави во придружба на синот, така и сега сите ги погледнаа со неверување, бидејќи дваесет и едногодишниот Демијан неодоливо потсетува на Елизабета. Неговата убавина повеќе наликува на женска отколку на машка, па се шпекулира дека за тоа е одговорна Елизабет, која сакала да го направи “ќерката што ја немала“.

Британските новинари честопати истакнуваат колку е бизарен и чуден односот меѓу мајката и синот, со оглед на тоа дека тие се неразделни и дека тој често ја фотографира својата педесет и деветгодишна мајка топлес.

Елизабет имала кратка афера со милионерот и продуцент Стив Бинг, а потоа забременила. Милионерот одбил да го признае својот син, но ДНК анализата утврдила дека детето е негово, а таткото морал да плаќа алиментација.

Никогаш не сакал да го види ова свое дете, а кога неодамна се самоубил скокајќи од 27-ми кат, во тестаментот немало место за Демијан.

Елизабет Харли можеби има убавина, но нема среќа во љубовта. По 13 години врска со Хју Грант, папараците го фотографирале актерот под мост додека го задоволувала трансродова проститутка. Елизабет раскина со Грант, но му прости. Двојката е во толку добри односи што Хју го крсти нејзиниот син.

Најнови вести