недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Емоции какви што само тој знае да покаже: Сергеј со новата песна порача дека за љубов требаат дела, а не емотикони (ВИДЕО)

Емоции какви што само тој знае да покаже: Сергеј со новата песна порача дека за љубов требаат дела, а не емотикони (ВИДЕО)

Сергеј Четковиќ ја објави својата нова песна „Не заминуваш“, за која тој ги создаде текстот и музиката. Полна е со емоции и публиката веднаш ја засака.

Тој беше гостин преку видео позив во емисија на ТВ Пинк, каде го прашаа како настана оваа песна.

-Песната е напишана во периодот на короната, пред година ипол. Музиката и текстот се потпишани од мене. Песната има прекрасна емоција, која потсетува на старите поп балади, тоа беше моја желба. Публиката го препозна тоа. Со текот на годините, се држев до вистинскиот поп звук. Сите гледавме филмови кога се праќаше писмо со многу љубов, искреност, сега се изјавува љубов со пар емотикони. Вистинската романса треба да се негува. Ова беше обид да се раскаже љубовна приказна на модерен начин. Ме чекаат многу концерти во државите од поранешна Југославија, изјави пејачката.

Најнови вести