На почетокот на неговата кариера го стекна стаутсот крал на сплавовите, а сега со години подоцна важи за еден од најдобрите, aко не и најдобриот пејач во регионот.
Во душа е рокер, а кафаната, како што вели тој му е втора куќа.
Со својот глас одбележа многу љубови и разделби, иако важи за голем заводник, неговата најголема љубов му е семејството и пријателите.
Во интервјуто на Бекстејџ, Ацо Пејовиќ зборуваше за болката по смртта на неговиот татко и додаде дека 2022 година му ја оставила најголемата лузна. Вели дека би ја заменил сета популарност за да може да го врати татко си.
Целото интервју погледнете го во продолжение: