недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Емотивна исповед на Гоца Тржан: Пејачката откри детали од битката за да добие бебе, еве што најмногу ја повредува

Емотивна исповед на Гоца Тржан: Пејачката откри детали од битката за да добие бебе, еве што најмногу ја повредува

Гоца Тржан откри дека тешко се справува со тоа што со години не може да забремени со сопругот Раша Новаковиќ. Пејачката пред две недели повторно беше на ин витро оплодување во Прага, а деновиве ќе знае дали успеал и петтиот обид.

Гоца зборува за тоа колку и е тешко таа неизвесност и што прави за да ги пренасочи мислите додека не дојдат резултатите.

-Секогаш кога ќе ми кажат дека вонтелесното не успеало и дека не сум забременила, паѓам во депресија. И тогаш се прашувам: “Зошто го правам ова?” И секој пат треба да го најдам одговорот и силата да одам понатаму. Затоа што ќе вреди ако успеам! Јас црпам сила од љубовта кон животот. Се опкружувам со луѓе кои ми се допаѓаат, добри книги и музика,  вели пејачката и додава дека ин витро оплодувањето многу влијае на нејзиното тело и мисли.

-Борбата за потомство звучи благородно, но всушност се работи за тешки маки и притисок. Воопшто не е лесно да се издржи хормонската терапија. Еден месец се чувствувам како да сум луда и имам биполарно растројство, нерасположена сум… Стомакот ми отекува затоа што задржувам вода. Мозокот ќе ми подуе! А потоа после се што поминувам, следува неизбежното прашање: „Дали успеавте во ин витро оплодување?“ Ајде, марш веќе! Преку глава ми е да одговорам на такви прашања, бидејќи мојата интимност е многу чувствителна, рече таа.

Гоца од бракот со Иван Маринковиќ ја има ќерката Лена (15), а сега најголема желба и е да има дете со Раша.

-Сакам бебе со маж кој искрено го сакам, кој е внимателен, паметен и во кој имам доверба… Тоа не е толку негова потреба колку што е моја, вели поп ѕвездата.

По четири неуспешни обиди за вонтелесно оплодување, Гоца размислувала да посвои дете, но и таму наишла на пречки. Според српскиот закон, 48-годишна жена не може да посвои новороденче, бидејќи разликата меѓу посвоителот и посвоеникот не смее да биде поголема од 45 години.

-Постапката за посвојување деца е морничава бидејќи мора да се исполнат различни барања, а има и одредени ограничувања. Мора две-три години да собираш хартии и да се бориш со глупости. Разговарав со Сергеј Четковиќ, кој ги посвои своите ќерки и кој ќе се обиде да направи нешто за да ги забрза тие процедури. Бидејќи не можеме да посвоиме бебе, јас и Раша се договоривме да избереме дете на кое финансиски ќе му помогнеме, открива Тржан.

Најнови вести