Пред точно една година на 85-годишна возраст почина диригентот и композитор Александар Џамбазов.
На тој 25-ти јануари 2022 година Игор Џамбазов го загуби својот татко. Денес со емотивна објава за него, ги разбуди емоциите кај сите негови следбеници на Инстаграм.
„Помина една година. Цела година. За миг. За час. Помина побргу од која било детска песничка што си ја напишал.
Сигурен сум дека си добар таму горе.
И нека не ти е мака што не си овде долу, со нас.
Да ти кажам искрено стари, ништо не си пропуштил.
Медиокритетите и понатаму ни диригираат по сопствени партитури, а ние божем одбиваме да свириме фалш.
Она што вредеше во годинава што летна се љубовта и почитта од луѓето за тебе, изразена во малку солзи и уште повеќе насмевки.
Нема да ти посакам да бидеш добар, оти таму кај што си, не може да ти е лошо. Чувај ми место до клавирот“ – напиша тој.
View this post on Instagram