понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Емотивна објава: Васил Хаџиманов се огласи по смртта на својот татко Зафир

Емотивна објава: Васил Хаџиманов се огласи по смртта на својот татко Зафир

Познатиот џез-пијанист и композитор Васил Хаџиманов на Фејсбук се прости од својот татко Зафир, кој почина денеска во Белград од Ковид 19.

Единственото дете на Зафир Хаџиманов и Сенка Велетанлиќ со емотивно обраќање им се заблагодари на сите кои денеска се простија од легендарниот македонскиот уметник.

-Денеска почина мојот татко Зафир. Неговото големо срце не успеа да ја добие битката со оваа ужасна болест. Позади себе остави вистинското богатство, од песните што така мајсторски лесно ги интерпретираше, преку неговите многубројни и разновидни композиции, книги поезија и проза, па се’ до неповторливите улоги во театар и на филм. Но, пред и над сè, на своето семејство и на најблиските секогаш несебично им ја даваше својата неизмерна љубов, внимание и поддршка. Сенка и он беа едни од најталентираните и најубавите двојки во историјата на овие простори. Ненадминливи. Неговиот непобедлив дух, способноста да се снајде во секоја ситуација и да остане на нозе, енергијата се’ што работи секогаш да го прави тоа со целото свое битие, а притоа и истовремено да биде врвен шмекер.. Тоа мора да се памети. Да се памети и да се почитува! Те сакаме тато и засекогаш ќе ни недостасуваш!, напиша Васил на „Фејсбук“.

Најнови вести