петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Eндру Тејт има сестра феминистка: „Има низок коефициент на интелигенција, не зборувам со неа“

Eндру Тејт има сестра феминистка: „Има низок коефициент на интелигенција, не зборувам со неа“

Озлогласениот Ендру Тејт не можел да ја поднесе својата помлада сестра Џенин, американска адвокатка кој меѓу останатото се бори и за правата на жените. Џенин Тејт со години не е во добри односи со своите браќа, а Ендру во еден разговор ја нарекол „глупачка“.

„Имам сестра. Ние навистина не разговараме бидејќи таа е феминистка и верува дека Трамп е расист. Знам, кој би рекол дека Ендру Тејт има сестра со низок коефициент на интелигенција? Но, докажано е дека најстарото дете, во случајов јас, секогаш е најпаметно. Таа е трета. На кого му е гајле … за било што трето“, изјавил Тејт за својата сестра. Џенин Тејт Веб е успешна американска адвокатка. Родена е во 1991 година и е среќно мажена за тренерот Норман Веб и имаат еден син.

Најнови вести