Некогашната тенисерка Ана Курникова и пејачот Енрике Иглесијас повторно се реализираа во улогата на родители и тоа по третпат.
Ова информација ја потврди братот на Енрике кој гостуваше во една емисија на радио станицата ADN.
„Веќе станав чичко“ изјави Хулио, а на прашањето дали бебето е родено, Хулио кратко одговори „да“.
Меѓутоа, братот на пејачот не сакаше да го открие полот на детето.
„Тоа е тајна“ кратко изјави Хулио и додаде:
„Мојот брат сега има три деца. Многу е среќен“.
За потсетување, Ана Курникова пред две години ја роди ќерката Луси и синот Николас.