По Ким Кардашијан, Џенифер Лопез и Кристен Стјуарт, уште една светска ѕвезда во дело на креација од македонскиот дизајнер Тони Матичевски. Браво! Горди сме што вакви креативци нè претставуваат пред светот.
Eва Лонгорија објави фотографии во макси црн фустан со два шлица, во кој изгледа спектакуларно.
Фустанот е дело на Тони Матичевски, дизајнер со македонско потекло, кој долги години живее и работи во Австралија.
Ова е едно од најсексапилните изданија на ѕвездата од „Очајни домаќинки“ досега.
47-годишната Лонгорија е само уште една ѕвезда во низата која носи креација од Тони Матичевски.
Совршеното модно издание на Лонгорија:
View this post on Instagram