Помеѓу актерот Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд, беше постигнат договор на суд, а тој потоа доби милион долари по завршувањето на нивната „битка“ поврзана со клевета. Ретко кој не ја следеше драмата на поранешните сопружници, па затоа има и такви кои страшно ги интересира на што точно ќе ги потроши овие пари ѕвездата од „Пиратите од Карибите“.
Уште во тоа време локалните медиуми потенцираа дека Џони планира да даде се за хуманитарни цели. Сега, според еден инсајдер за E!News, тој всушност избрал пет организации да им даде по 200.000 долари на секоја. Меѓу нив е и „Направи филм“ со кој и претходно соработуваше, кој ги исполнува желбите на тешко болните деца со тоа што ги запознава со нивните омилени актери, писатели, продуценти и ги праќа на различни проекти.
Друг дел од парите одат за луѓето во The Painted Turtle, организација основана од Пол Њуман, која обезбедува кампување за деца со хронични, сериозни болести.
Друг дел од 200.000 долари исто така оди за непрофитната организација на Марлон Брандо („Друштвото Тетиароа“), која финансира конзервација, истражување и образовни програми за локалните училишта за промовирање на одржливоста на островот, како и Алијансата на фондот Амазонија, група слични компании концентрирани во заедниците низ Амазон.