четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Еве како кралицата ѝ го честиташе 39. роденден на Кејт Мидлтон

Еве како кралицата ѝ го честиташе 39. роденден на Кејт Мидлтон

Војвотката од Кембриџ, Кетрин Мидлтон го прослави 39. роденден и, по тој повод, кралицата Елизабета Втора и принцот Филип објавија фотографии од принцезата на Инстаграм.

„На војвотката од Кембриџ ѝ посакуваме среќен роденден“, се вели во објавата на кралицата.

Официјалниот инстаграм-профил на палатата Кенсингтон, која ги претставува војвотката Кејт и нејзиниот сопруг – принцот Вилијам, исто така сподели фотографија.

„Ви благодариме за Вашите најљубезни желби за роденденот на војвотката. Родендените беа многу поинакви последниве месеци, а нашите мисли продолжуваат да бидат со сите оние кои се на првите борбени линии во ова значајно, предизвикувачко време“, се вели во нивната објава. (МИА)

Најнови вести