Познатиот водител на емисијата „Разбивачи на митови“ (MythBusters), Грант Имахара починал од мозочна аневризма. Имаше 49 години.
Имахара, инаку професионален електроинженер и роботичар, беше познат по Б-тимот на светски познатата ТВ-емисија, заедно со Кери Бајрон и Тони Белеки. Тој работел и на светски познати филмови, како „Матрикс“, „Паркот Јура“, „Терминатор 3“ и други.
Сочувства до семејството на Имахара испрати и Адам Севиџ – еден од главните водители на поранешната серија, со кого се познавале 22 години, како и цела продукција на емисијата.
Починал завчера, на 13 јули, а причината за смртта е соопштена денеска. (МИА)