Српската јутјуберка Кристина Кики Ѓукиќ вчера во изнајмен стан во Белград извршила самоубиство, пренесуваат српските медиуми.
Како што пишуваат тие телото е пронајдено во 23:40 часот во изнајмен стан во центарот на Белград, на телото нема траги од насилство, а по налог на обвинителството тоа е предадено на обдукција.
Во собата се пронајдени лекови и опијати кои ќе бидат вештачени дополнително.
Веста за смртта ја потврди и нејзината мајка која се огласи на социјалните мрежи.
-Со голема болка ве известувам дека мојата Кики вчера почина, напиша таа.