сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ЕВРА ОД СИТЕ СТРАНИ: Ураганките зборуваа дека не зимаат бакшиш, а погледнете како собираат пари на ромска свадба (ВИДЕО)

ЕВРА ОД СИТЕ СТРАНИ: Ураганките зборуваа дека не зимаат бакшиш, а погледнете како собираат пари на ромска свадба (ВИДЕО)

Деновиве на социјалните мрежи се шири вирално видео од Ивана Николиќ, Ксенија Кнежевиќ и Сања Вучиќ, кои ги забавуваа гостите на ромска свадба.

Популарните убавици од групата „Ураганки“ направија целосен хаос на свадбената веселба, во која дојдоа во провокативни изданија, поради што мажите не можеа да го свртат погледот. Заводливо танцуваа додека го изведуваа својот евровизиски хит „Локо, локо“ во живо, а гостите цело време ги гледаа и снимаа … И не само тоа.

Бакшиш леташе од сите страни, а пејачките со задоволство прифатија девизи од гостите, кои ги завиткаа околу микрофонот, што предизвика лавина од коментари на Твитер, бидејќи претходно изјавија дека не зимаат бакшиш. Сега тие или направија исклучок, или едноставно не сакаа да се знае дека тие, како и многу други колеги, земаат бакшиш на свирки.

Погледнете го видеото:

Најнови вести