сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ЕВРОПА ГЛЕДАШЕ ВО НЕЈЗИНОТО ДЕКОЛТЕ – која е Хана, вистинската ѕвезда на Евровизија? (ФОТО)

ЕВРОПА ГЛЕДАШЕ ВО НЕЈЗИНОТО ДЕКОЛТЕ – која е Хана, вистинската ѕвезда на Евровизија? (ФОТО)

Гледачите на првата полуфинална вечер на Евровизија се воодушевија од една од трите водителки на фестивалот четириесет и осумгодишната Хана Вадингам.

Актерката која имаше улога на водителка во шоуто ги освои гледачите со својот изглед и вокални способности.

Ѕвездата на серијата „Теd Lasso“ беше една од трите водителки заедно со членката на жирито на натпреварот „Британија има талент“ Алеша Диксон и украинската пејачка Јулија Санина.

Хана настапувала во бројни мјузикли, а нејзината мајка била оперска пејачка, како и нејзините баба и дедо по мајка и во еден момент ги покажа своите вокални способности.

„Хана Вадингам, не само што се пофали со луди вештини за свирење на гитара, туку и со нејзиниот одличен глас за пеење“, е еден од коментарите на Твитер.

„Кој и да ја вработил Хана Вадингем за Евровизија, треба да унапредат во генерален директор на Би-Би-Си“, коментираше друг.

Хана ги прочита правилата за гласање на француски и рече: „Гледаш ли Европа, некои од нас, Британците, се обидуваат да научат и друг јазик!“, што ги насмеа присутните.

„Брилијантен почеток на Евровизија, но Хана Вадингам им ја украе славата на сите кои учевствуваат во шоуто“, е уште една од низата пофалби.

Хана го привлече вниманието и со облеката, истакнувајќи го своето деколте облечена во фустан со дезен налик на виножито.

Најнови вести