Ќерката на Жељко Митровиќ, Кристина, ако им се верува на објавите на Инстаграм, ја раскина свршувачката со милијардерот Илија.
Ќерката на Жељко Митровиќ наводно ја раскинала веридбата со украинскиот милијардер Илија, наследник на кралот на ураниумот.
Дека Кристина Митровиќ раскина со вереникот Илија можеше да се заклучи токму преку социјалните мрежи. Таа ги избриша сите фотографии со нејзиниот вереник, а тој го направи истото.
Фала ти Боже за лекциите. Не можев да бидам поблагодарен. Што е доволно – доста е. Време е да продолжам понатаму и да ги остварам моите цели за 2023 година – објави Илија на Инстаграм.
Инаку, Илија е успешен бизнисмен и наследник на семејна компанија која се занимава со производство на ураниум. Тој води многу успешен приватен бизнис во Лондон и Емиратите, но речиси и да нема официјални информации за потеклото на неговиот имот.
Веќе подолго време се шпекулира од каде толку пари бившиот свршеник на Кристина Митровиќ имајќи предвид дека често лета со приватни авиони, купува во ексклузивни продавници на реномирани брендови ширум светот, а често ја опсипува и наследничката на империјата „Пинк“ со скапи подароци, како уникатна облека и накит за кои вредат цело богатство.
Тој и Кристина се запознале за време на школувањето во Англија, а Илија бил еден од најдобрите ученици, а особено се истакнувал затоа што знаел многу странски јазици.
Покрај љубовта кон скапите часовници и брендираната облека, според фотографиите, медиумите заклучуваат дека томпус пурите му се омилени на Илија. За ваква пура знае да одвои и до илјада евра. Често знае да се пофали дека јаде во ексклузивни ресторани во кои за влез се плаќа годишна членарина до неколку стотици британски фунти.
Ова е единствената информација која ја пренесоа тамошните медиуми кога пишуваа за сега веќе бившиот зет на Жељко Митровиќ. Ниту една од овие информации не може со сигурност да се потврди врз основа на податоците достапни на Интернет. Посебно интересен е податокот дека неговото презиме не е познато, што ја доведува во прашање вистинитоста на сите овие информации.