Тенисерката Ана Ивановиќ пред неколку дена на свет го донесе својот син. Поранешната спортистка во неколку наврати од тогаш се огласи на Инстаграм, а нејзината нова фотографија внесе голема полемика меѓу нејзините фанови.
Имено, на неа Ана вежба. И тоа не би било толку чудно доколку тоа не го прави само осум дена по породувањето.
Поедини следбеници на тенисерката и приговараат дека во вакви моменти би требало да биде свртена кон своето дете, а не кон својот физички изглед.