Канадскиот поп-пејач Џастин Бибер, кој се врати во студио по пауза од пет години, нагласува дека ова враќање не му било лесно.
Бибер објавува нов албум, прв по пет години пауза. Таа информација ги воодушеви неговоите фанови ширум светот.
-Се соочував со многу стравови. Се плашев околу тоа за што да говорам, и како тоа другите ќе го протолкуваат… Почнав да се споредувам и со други уметници, рече пејачот за „Епл мјузик“.
Бибер денеска го издава албумот „Changes”, прв од 2015 годинa. Тој лани се венча со манекенката Хејли Болдвин, а претходно страдаше од депресија, се рехабилитираше од дрога и од лајмска болест.
Поп-ѕвездата досега има објавено четири албум – „Мy Wоrld 2.0″, „Under the Mistletoe”, „Believe” и „Purpose”. Добитник е на повеќе Греми музички награди.