вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФАНОВИТЕ НА КУЛТНАТА СЕРИЈА ВО СОЛЗИ – почина уште еден актер од иста болест која му ја откриле само пред неколку месеци! (ФОТО)

ФАНОВИТЕ НА КУЛТНАТА СЕРИЈА ВО СОЛЗИ – почина уште еден актер од иста болест која му ја откриле само пред неколку месеци! (ФОТО)

Актерот Џоан „Џон“ Кинг починал на 49-годишна возраст од аденокарцином, само седум месеци откако ја дознал страшната дијагноза.

Веста за смртта на актерот од хит серијата „Спартак“ ја потврди и неговото семејство.

На актерот во јануари годинава му бил дијагностициран аденокарцином, а веднаш му било кажано дека болеста е напредната и дека шансите за опоравување се мали. Не се откажал, почнал со хемотерапија, но ракот се проширил на панкреасот и на 15 август ја загубил животната битка.

„Со голема тага потврдуваме дека битката на Џон заврши денеска. Тој почина опкружен со луѓе кои го сакаа. Остава огромна дупка на овој свет, тој беше прекрасен сопруг, татко, син, брат, пријател и човек. Оние кои имаа доволно среќа да го познаваат, засекогаш ќе ја продолжат неговата мисија на добрина, посветеност и љубов“, се наведува на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Manu Bennett (@manubennett)

На почетокот Џоан бил само статист во серијата, но на продукцијата толку и се допаднал што улогата му била проширена, добивал дијалози и неговиот гладијатор Раскос ќе остане запаметен како еден од омилените ликови во серијата.

Но, ова не е првата трагедија што ја погодува серијата. По само една сезона, главниот актер Ентони Витфилд почина од не-Хочкинов лимфом. На 38-годишна возраст му била дијагностицирана тешка болест, а починал 18. месеци подоцна.

Тој морал да биде заменет со друг актер во серијата.

Серијата „Спартак“ се емитуваше од 2010. година и траеше четири сезони, а доби одлични критики од публиката и ТВ индустријата. Погледнете го трејлерот.

Најнови вести